Во рамки на фестивалот Feelmotion, на филмската академија ФИОФА во Охрид, за прв пат ќе се одржи проекција на филмот „Триото од Белвил“ со музичка изведба во живо на музичарот и композитор Дејан Петровиќ.

„Триото од Белвил“ е анимиран филм од 2003 година на познатиот режисер Силвиан Комет, номиниран за два оскари. Невообичаено и интересно за овој настан е што Дејан Петровиќ подготви специјален музички перформанс кој ќе оди паралелно со проекцијата на филмот. Ова е веројатно прв ваков настан во нашиот град и претставува убава можност за публиката да ужива во новите хоризонти кои се отвараат преку музичката и филмската уметност.

Проекцијата е денеска, недела, во просториите на Академија, со почеток во 20 часот.

Влезот е бесплатен.

OhridNews