Филмот во продукција на сестрите Теона и Лабина Митевски „Јас сум од Титов Велес“ вечерва премиерно ќе биде прикажан во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Филмот кој доби исклучително добри критики на Берлинскиот фестивал, во Охрид ќе се прикажува од 5-ти до 9-ти март во терминот од 20 часот.
На премиерата во Охрид според најавите вечерва ќе присуствуваат режисерката на филмот “Јас сум од Титов Велес“, Теона Стругар Митевска, како и главните актери Лабина Митевска, Ана Костовска, Николина Кујача и Џевдет Јашари.
ohridnews