Со поместување на часовниците за еден час нанапред, вечерва после полноќ, започнува летното сметање на времето.
Како што соопштуваат од Министерството за економија, летното сметање на времето треба да започне на 28-ми март во 02:00 часот по полноќ, кога со поместување за еден час нанапред времето во 02:00 часот ќе се смета како 03:00 часот.
Летното сметање на времето ќе трае до 31 октомври.