Вечерва во охридскиот клуб „Арена“ ќе се одржи Oi!Punk свирка на која ќе настапат домашните „Комунална Хигена“ и „The Author“, скопските „Контра“ и пробиштипскиот бенд „Прв Ред“.

Охридските „лиду-панкери“ The Author ќе го промовираат своето првенче „Чао, Чао“, во кое се поместени досега необјавени „синглови“. Во дозата хумор кој го внесуваат во песните, метафорично говорат за неправедноста на системот и непотизмот кој владее насекаде.

По неколку годишна пауза, на сцената се враќа и охридскиот Oi!Punk бенд Комунална Хигена. Во 2009 го издаваат првиот албум „Комунална Свест“, а за во „Арена“ најавуваат промоција на „поекстремен“ материјал кој треба да се најде на вториот албум.

Скопската скинхед дружина „Контра“ за прв ќе се претстави пред охриѓани. Пред две години, го издаваат деби-албумот насловен како „До кога вака“, во кој покрај репресијата од системот, ги опеваат патриотизмот и солидаризирањето со работничката класа.

Пробиштипскиот Hooligan Rock`n`Roll бенд „Прв ред“  по втор пат гостува во Охрид. „Багабонтите“ досега имаат објавено еден албум „Само најсилните преживуваат“, а за настапот во „Арена“ ветуваат одлична забава за љубителите на добриот рок-ен-рол.

Инаку, почетокот на свирката е закажан за 20:30 часот.

OhridNews

Во сабота во охридскиот клуб „Арена“ ќе се одржи Oi!Punk свирка на која ќе настапат домашните „Комунална Хигена“ и „The Author“, скопските „Контра“ и пробиштипскиот бенд „Прв Ред“.