Пред продолжениот празничен викенд, следува ново, петто продолжение на стендап револуцијата на извонредниот охридски актер и комичар Никола Тодороски. Вечерва (четврток) Никола ќе настапи во центарот за култура „Григор Прличев“. На публиката тој ќе и понуди повеќе од еден час уживање исполнето со креативен хумор и материјал кој ексклузивно и премиерно ќе биде изведен на вечерашното шоу.
Билетите за новата стендап „Револуција“ на Никола Тодороски можат да се набават на касата при центарот за култура по цена од 150 денари.
Шоуто започнува во 20 часот.
OhridNews