Вечерва продолжуваат натпреварите во најелитното европско клупско фудбалско натпреварување, Лигата на шампионите.
На програмата се натпреварите од третото коло, во групите Е, Ф, Г и Х.


Ливерпул кој се наоѓа во негатвина серија од три порази го пречекува францускиот Лион. Во тимот се враќа капитенот Жерард но ќе недостасува најдобриот играч на “црвените“ Фернандо Торес.

ГРУПА Е:
Дебрецин – Фиорентина, Ливерпул – Лион.
Табела: Лион 6 бода, Фиорентина и Ливерпул 3, Дебрецин 0 бодови.

По петардата во Серија А, Интер на Сан Сиро ќе брка победа на Динамо (К) кој би го оставила во игра за првите две места во групата. Најголема опасност за тимот на МУрињо ќе биде Андреј Шевченко, кој во дресот на Милан 14 пати ја тресел мрежата на “нероазурите“.

ГРУПА Ф:
Барселона – Рубин Казан, Интер – Динамо К.
Табела: Барселона 4, Динамо (К) 3, Интер 2, Рубин 1 бод.

ГРУПА Г:
Ренџерс – Униреа, Штутгарт – Севилја.
Табела: Севилја 6, Штутгарт 2, Униреа и Ренџерс 1 бод.

ГРУПА Х:
АЗ Алкмар – Арсенал, Олимпијакос – Стандард.
Табела: Арсенал 6, Олимпијакос 3, Стандард и АЗ Алкмар 1 бод.

ohridnews