Во рамки на фестивалот Охридско лето, вечерва, на сцената на Античкиот театар концерт ќе одржи познатиот кубански џез виртуоз на труба, пијанист и композитор Артуро Сандовал.

Сандовал, заедно со својот бенд – Џон Белзагај – бас, Тики Пасиљас – перкусии, Дејв Сигел – клавијатури, Џони Фрајдеј – удиралки и Кемуел Роиг – пијано, ќе изведе повеќе дела од џез-музиката.

Артуро Сандовал е еден од најдинамичните и најенергичните музичари на денешнинава. Добитник е на 10 Греми награди, 6 Билборд награди и една Еми награда. Редовно настапува со водечките симфониски оркестри низ светот, а соработката со некои од најголемите музички ѕвезди денес резултирала со бројни компакт-дискови. Покрај тоа, Сандовал е познат и како композитор на филмска музика.

OhridNews