Во рамки на фестивалот Охридско лето, вечерва, со почеток во 21 часот на плажата Куба Либре ќе настапи Триото Дамјан Пејчиноски, во кое покрај познатиот охридски гитарист Пејчиноски, се и Горан Ѓешовски и Иван Петровски. На програмата се класични дела во џез-аранжмани, како и дела од „џипси- џез“ музиката.
Горан Ѓешовски, дипломирал џез-музика на Националната музичка академија во Бугарија, а своето знаење го надградувал на бројни мајсторски курсеви кај истакнати џез- басисти. Значајна е неговата соработка со македонската етно група „Синтезис“, како и „Тавитијан брадрс трио“ со кои настапувал во некои од најпрестижните сали во светот, меѓу кои и „Карнеги хол“ во Њујорк. Дамјан Пејчиновски е македонски гитарист, кој своето џез-образовние го стекнал, исто така, на Националната музичка академија во Бугарија. Неговата активна изведувачка дејност вклучува концерти во повеќе земји на Балканот, а чест гостин е и на фестивалите во овој регион. Добитник е на повеќе награди и признанија. Иван Петровски е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Вчеравечер, во предворјето на Св.Софија актерите од битолскиот Народен театар премиерно ја изведоа претставата „Бар – Ремарк“ по текстот „Тројца другари“ од Ерих Марија Ремарк, во режија на Александар Бартман.
OhridNews