Вечерва на сцената кај „Заливот на коските“ – Градиште со почеток од 21:00 часот ќе биде одиграна претставата „Његош и јас“.

Се работи за приказна за едно дете кое живее во минатото, односно за млад човек од 29 години, Италијанец, кој лошо ги  владее словенските јазици и не го познава големиот поет. Претставата не е автобиографска, ниту пак прецизно се држи за некои конкретни елементи, единствено цврсто е врзана за pаоловите импресии.  

Инаку, режисерот Маџели е роден во 1949 год. во Тоскана, во градот Прато. Пред 30 години дипломирал режија во Фиренца, а исто така студирал  и славистика. По добивањето на стипендијата, своите студии ги  продолжил  во Романија.

Во Белград и во Загреб режирал повеќе претстави, но потоа материјалната егзистенција ја бара режирајќи во Германија, Швајцарија, Франција и Словенија.

Неговите претстави „Феничанки“, „Нација“, „Електра“, „Големата магија“, „Луди денови“, „Три сестри“, „Вујко Вања“, „Месец дена на село“ се сметаат за антологиски.

OhridNews