Роден како син на руски научници, музичката способност на Николај Лугански била очигледна од неговото рано детство. Почнал формално да учи клавир на пет години и за една деценија, под експертското водство на Татјана Николаева, веќе примал блескави пофалби за неговите изведби.
Во 1988 го освои сребрениот медал на 8-от меѓународен натпревар „Бах“ во Лајпциг и две години подоцна втората награда на московскиот Рахмањинов натпревар. Најголемиот триумф на Лугански е во 1994 година кога ја освои втората награда на 10-от меѓународен натпревар „Чајковски“. Од тогаш има меѓународна слава со серија на славни концертни настапи и аудио записи. Лугански има преку 30 големи концерти во неговиот репертоар, опфаќајќи концерти од Бах до Рахмањинов.