На програмата на „Охридско лето“ вечерва е концертот на рускиот пијанист Александар Синчук.

Александер Синчук е лауреат на интернационалните натпревари по пијано. Неговата успешна кариера започнува после освојувањето на првото место на четвртиот интернационален натпревар „Сергеј Рахманинов“ во Москва, 2008 година, по што 19-годишниот пијанист одржал соло рецитал во Њујорк. Неговиот стил и музички израз го споредуваат со оној на Рахманинов, чии што идеи го восхитуваат и кои совршено ги чувствува и разбира.

Синчук, покрај во Русија, настапува и во Италија, Шпанија, Австрија, Србија и во други земји, а добитник е и на многу меѓународни награди.

Концертот ќе се одржи во црквата Св. Софија со почеток во 20.30 часот.

OhridNews