Во рамки на фестивалот „Охридско лето“, вечерва, со почеток во 21 часот во црквата Св. Софија, е концертот на Државниот камерен оркестар „Академија за солисти“  Ајман Мусакајајева (виолина, Казахстан), Хуан Карлос Ломонако (диригент, Мексико). Ќе изведат дела од: А. Вивалди/А. Пјацола, Г. Ф. Хендл.

Ајман Мусакајајева е еден од најзначајните претставници на виолинистичката школа на Казахстан. Постојано е активна на музичките сцени во светот, а на нејзиниот репертоар се наоѓаат дела од речиси сите епохи. Основач е на Државниот камерен оркестар „Солистичка академија“, со кој често настапува во Европа, Америка и Азија. Добитник е на повеќе награди на престижни интернационални натпревари, како и на повеќе признанија.

Државниот камерен оркестар „Солистичка академија“ е водечки ансамбл во Казахстан. Основан е во 1991 година од страна на виолинистката Ајман Мусакајајева. Членовите на овој ансамбл се виртуози на својот инструмент, лауреати на повеќе интернационални натпревари, со одлична техничка подготвеност. „Солистичка академија“ е еден од најзначајните афирматори и промотори на казахстанската музика и традиција во светот.

Средствата собрани од продадените карти на вечерашниот концерт ќе бидат донирани за помош на поплавените подрачја.

OhridNews