Македонската јуниорска ракометна репрезентација денеска е пред сериозен тест. Во дербито на колото во А групата од Светското првенство-СП, што се игра во Охрид и Скопје, македонските ракометни надежи вечерва (21ч.) во салата „Билјанини извори“ го играат еден од клучните натпревари за пласман во втората фаза од мундијалот, против репрезентацијата на Шведска.
Двете репрезентациии влегуваат во дуел по убедливите победи на стартот. Македонија ја декласира Ангола со 39:16, додека Шведска катастрофално го порази Кувајт со 44:19. Ако се земе во предвид фактот што Кувајт на стартот ја изненади Португалија, тогаш убедливата победа на швеѓаните говори за моќта на нивниот млад тим, кој се смета за еден од најсериозните кандидати за медал на СП.
Селекторот Вујовиќ по натпреварот со Ангола предупреди на бројните грешки во нашата игра, кои како што рече доколку ги повториме во мечот со Шведска, ќе имаме сериозни проблеми. Сепак силен адут на Макдонија ќе биде три-илјадната публика во салата „Билјанини извори“ и пеколниот амбиент кој таа знае да го создаде.
Г. Момироски