Во рамки на летниот стендап маратон, вечерва од 21 часот во култниот клуб „Џез ин“ во Охрид, ќе биде прикажата театарската импровизација Импровокација.
Импровокација е единствено шоу од ваков тип во државава. Ја сочинуваат тројца импровокатори: Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, придружени од Никола Јосифоски кој твори на пијано и секако Филип Ангеличин Жура кој е совеста на ова шоу.
Публиката игра важна улога во шоуто, а импровокаторите најавуваат час и петнаесет минути супер динамична комедија.
Билети можат да се набават во музичката продавница Зизи Топ по цела од 200 денари. Со секој купен билет публиката добива можност да гледате уште едно шоу од летниот маратон гратис.
OhridNews