Во рамки на фестивалот „Охридско лето“, вечерва со почеток во 21 часот во црквата Св.Софија е концертот на пијано-дуото „Скјаво – Маркеџани“ од Италија, кое го сочинуваат Марко Скиаво и Серџо Маркеџани.
Пијано-дуото „Скјаво – Маркеџани“ се смета за едно од најактивните и најценетите пијано-дуа денес. Извонредната координираност, техника, експресивност, убавина на звук, интензивност и прекумерна енергија со која се одликуваат нивните настапи, ја плени публиката низ целиот свет. Серџо Маркеџани и Марко Скјаво своето знаење го стекнале под менторство на некои од најистакнатите професори-пијанисти денес. Заедно музицираат уште од 2006 година и оттогаш имаат направено стотици концерти на некои од најзначајните фестивали и најпрестижните сали во светот.
Вечерва ќе изведат дела од Ф. Шуберт и Ј. Брамс.
OhridNews