Познатиот цез – фанк пејач, охриѓанецот Владимир Василески – Четкар вечерва на Античкиот театар ќе го одржи својот втор  концерт пред охридската публика.

Концертот на Четкар што се оджрува во склоп на фестивалот „Охридско лето“ почнува  во 23 часот.

Владимир Четкар на концертот на Античкиот театар ќе биде придружуван од Хју Вајт на клавијатури, Џонатан Харви на Бас и Бено Сатлер на Тапани, а ќе се претстави со своја авторска џез соул фанк програма од која дел ќе биде премиерно изведена на овој концерт.

OhridNews