Љубителите на староградската музика ќе може да бидат дел од концертот на охридскиот ансамбл „Билјана“ кој ќе се одржи вечерва со почеток во 19:30 часот на локалитетот Сараиште во стариот дел на Охрид.
Како специјален гостин на концертот ќе настапи Мартина Костова, вокал во aнсамблот „Танец“.
Во ансамблот „Билјана“ членуваат Јован Поп-Стефанија- Хармоника, Андреј Лаброски -Контра Бас, Христијан Томевски –Гитара и Ангел Трајковски –Виолина.
OhridNews