Охрид ќе биде дел од одбележувањето на најголемата светска волонтерска акција Часот на планетата Земја.
Вечерва 20.30 часот по локално време, во период од еден час струјата ќе ја исклучат 7000 града во над 162 земји и 7000, меѓу кои Охрид, каде во мрак ќе потонат Самуиловите тврдини, црквата „Канео“ и споменикот на свети Кирил и Методиј.
Македонија оваа година го руши минатогодишниот рекорд на исклучени локации. Вечерва над 60 локации низ целата земја ќе го исклучат осветлувањето за Часот на планетата Земја.
Глобалната акција е дел од напорите за спас на планетата и подигнување на свеста на луѓето за последиците од климатските промени.
OhridNews