Вечерва на небото ќе може да се види посебна појава, што астрономите ја нарекуваат метеорски дожд Персеида, а помеѓу народите на Балканот позната е како солзите на свети Ловре.

Овој феномен трае веќе повеќе од една недела, а оваа година ќе го достигне врвот вечерва, кога еден час на ноќното небо ќе можат да се видат стотици метеори. Тоа се всушност остатоците од комета откриена во 1862  година, кои се највидливи секоја година во август, кога Земјата поминува низ остатокот од опашката на кометата.

Астрономите објаснуваат дека Земјата тогаш влегува во облак од прашина и гасови и овие честички се судираат со атмосферата на нашата планета со брзина од 200.000 километри на час и горејќи оставаат светлосни траги на небото.

Слични појави на метеорски дождови има преку целата година, дури и се погусти, меѓутоа солзите на свети Ловре се најпопуларни. Можат да се видат најдобро од полноќ до зори, на што потемно место, по можност надвор од градот.

Ohridnews