Охридските љубители на уметноста ќе имаат можност да ја погледнат изложбата на италјаскиот уметник Росарио Меле која ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Центарот за Култура „Григор Прличев” во Охрид.
На свеченото отворање на изложбата, ќе говори Елена Мишели, претседател на Здружението „Росарио Меле“, а во рамки на изложбата ќе биде промовирана и книгата за Росарио Меле од авторот Паоло Дондоли.
Изложбата ќе биде достапна за разгледување до 20-ти јуни 2015 година.
OhridNews