Вечерва во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложба на сликарот Жарко Вучковиќ од Србија. Изложбата е насловена „Ре-конструкција / Вагање / Над-градување“ и се организира под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.
Жарко Вучковиќ е роден во 1963 година во Книн. Дипломирал на Факултетот за применета уметност во Белград во 1987 година на Катедрата за сликарство, а постдипломски студии завршил во 1990 година.
До сега има одржано повеќе од 20 самостојни изложби, а учествувал на преку 300 групни изложби во Србија и во странство.
OhridNews