На гала настан, што традиционално ќе се одржи во „Куба либре“, вечерва, првиот информативен интернет портал кај нас „оhridnews.com“, по шести пат ќе ги прогласи успешните приказни во Охрид, и ќе ја промовира Годишната ревија на настани кои ја одбележаа 2019 година.
-Полека потрошивме уште една година. Година која мина во знакот на бројот 13. За OhridNews, секако, среќна тринаесетка. Пред 13 зими, на 7 декември, започна нашата приказна, која се’ уште ја тркаламе со несмален жар, ентузијазам и желба за успех. Но, во годината што изминува имаше и друг вид 13-ки, би рекол не многу среќни за општеството во кое живееме. Неволјите, кои, за жал, станаа секојдневие на кое навикнавме, не го одминаа ниту нашиот Охрид, кој е пред сериозен тест да го задржи статусот на светско природно и културо наследство заштитено од УНЕСКО. Се разбира во 2019 година имаше и убави работи. Позначајните случувања кои ја одбележаа годината што изминува во Охрид, се поместени во шестата ревија на настани на OhridNews која ќе биде промовирана денеска. – изјави главниот и одговорен уредник на OhridNews Горан Момироски.
Кој ќе ги понесе признанијата во 2019 година, гледајте низ директен пренос од настанот на нашиот портал и на фан страната на OhridNews на Фејсбук, кој започнува во 19 часот.
Бесплатната Годишна ревија на настани на OhridNews, која се печати во тираж од 2000 примероци, во наредниот период ќе биде дистрибуирана до читателите.
OhridNews