На гала вечер во „Куба либре“,  првиот информативен интернет портал кај нас „OhridNews.com“, по петти пат ќе ги прогласи најуспешните приказни во Охрид  овој пат во 2018 година, и ќе ја промовира Годишната ревија на настани.

Оваа 2018 година беше исклучително турболентна во нашето општество, исполнета со политички кризи и случувања кои сериозно се одразуваат се уште на севкупното живеење. Во време на повеќе или помалку изместени вредности и искривени погледи, OhridNews се обидува да го задржи препознатливиот курс на објективно и проверено информирање, почитувајќи ги професионалните стандарди и етички норми, кои можеби во вакви времиња не носат читаност, но носат доверба која ја градиме со илјадниците читатели веќе 12 години.  Вообичаено на крајот од годината се потсетуваме на настаните, личностите, традициите и случувањата кои оставија белег во оваа 2018 година. – изјави главниот и одговорен уредник на OhridNews Горан Момироски.

Кој ќе ги понесе признанијата во 2018 година, гледајте низ директен пронос од настанот на нашиот портал и на фан страната на фејсбук, кој започнува во 19 часот.

Настанот ќе биде посветен на прерано починатиот градоначалник на Охрид Јован Стојаноски.

Годишната ревија на настани на OhridNews, бесплатно ќе биде дистрибуирана до читателите.

OhridNews