По повод празникот Св. Наум Охридски, вечерва, 2-ри јули, во манастирот „Свети Наум Охридски“, со почеток 19.00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужбасо која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј.

На 3-ти јули, понеделник, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува владиката Тимотеј. 

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.

OhridNews