На игралиштето Стобекс во населбата Видобишта, вечерва (четврток), ќе се одржи хуманитарна забава за нашиот сограѓанин Трајан Целески ТАЧО, на кого итно му е потребна финансиска помош за повторно да ја победи тешката болест.
На забавата која ќе се одржи согласно сите мерки и препораки за заштита од коронавирусот, ќе настапат познатиот охридски бенд Броз и диџеј Јован. Бројот на влезници е ограничен.
Влезницата чини 100 денари, а пијалакот ќе се продава по промотивна цена.
Сите собрани средства ќе бидат уплатени на сметката за донации.
Хуманитарниот концерт за Тачо почнува во 20:30 часот.
OhridNews