Популарниот македонски стендап комичар Никола Тодороски вечерва во охридскиот клуб Jazz Inn ќе го изведе својот последен комичен материјал од проектот Стендап Револуција за хуманитарни цели.

Според најавите, средствата кои ќе бидат собрани од продажбата на влезниците ќе бидат донирани за жителите на поплавените подрачја. Настапот започнува во 21 часот, а влезниците чинат 150 денари.

Ова е втор дел од проектот Стендап Револуција кој Никола го започна во декември минатата година. Предизвикот кој си го постави Никола со овој проект е секој месец од декември 2014 до јуни 2015 да пишува нов материјал од по 90 минути.

OhridNews