На иницијатива на членовите на бендот „Limitles“ од Охрид, а со поддршка на Лајнс клубот „Лихнидос“ и други помагатели, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи хуманитарен концерт за помош на 12-членото семејство Марџиеви кое го изгуби домот во пожар.
–Да им ги вратиме топлиот дом и изгубените спомени на семејството Марџиеви. Жално е 12- члено семејство да се остави на улица без покрив на главата. Затоа да ја покажеме нашата хуманост и да се собереме во што поголем број, порачуваат организаторите.
На концертот кој ќе започне во 20 часот ќе настапат ансамблот Билјана, Петар Маркоски, Ѓоко Танески и Камелеон.
Цената на влезниците е 100 денари.
OhridNews