Вечервва ракометарите на ГРК Охрид ќе ја пречекаат екипата на РК Бутел од Скопје. Натпреварот кој ќе се одигра во спортската сала „Билјанини Извори“ е клучен во борбата за пласман во плејофот за домаќините.
РК Бутел е многу добра и искусна екипа со доста искусни играчи кои веќе имаат обезбедено пласман во плејофот, а токму борбата за плејофот е причина за гладијаторите да го дадат својот максимум.
На тој натпревар ќе дадеме се од себе да ја почнеме добро оваа полусезона и на двата натпревари што следат да забележиме победи и да обезбедиме и ние пласман во плејофот што ни е многу важно. Доволни се четири победи, односно, да ги добиеме „Пролет“ на домашен терен и доколу освоиме победа против „Бутел“ и „Металург“, за кои ќе видиме што ќе биде во продолжение дали ќе играат во сезоната или не, би требало да обезбедиме пласман во плејофот, истакнува голманот Јагош Брауновиќ.
Екипата на ГРК Охрид моментално е на седмата позиција на табелата по поразот од Еурофарм Пелистер во рамки од 17 коло на првиот натпревар во 2022 година.
Вечерашниот натпревар е со почеток од 18:00 часот, а за истиот се „мобилизира“ и навивачката група „Рибари“ која ќе биде осмиот играч на теренот.
После зимската пауза повторно се враќаме таму каде што ни е местото. Сите го чекавме овој момент и почетокот на вториот дел од сезоната. Продолжуваме уште појако сплотени сите како еден. Биди и ти дел од Охридската Армија, се гледаме на трибина, посочуваат „Рибарите“.
OhridNews