Извонредниот бенд „Суперхикс“ кој оваа година одбележува 25 години постоење на сцената, вечерва, 28 јули ќе одржи концерт во „Kadmo beach & bar“ во Охрид.
Еден од најпопуларните и најуспешни македонски бендови „Суперхикс“ е формиран како тричлен состав во 1993 година, а првиот настап го имаше во легендарниот скопски клуб „Дорс“ на 3 март во 1994 година. Вистинскиот подем на групата почнува со проширувањето на поставата со дувачка секција, проследено со издавањето на првиот албум во 2001 година.
Во својата кариера, „Суперхикс“ ја делеле сцената со големи имиња од светската музичка сцена, како: Ману Чао и Радио Бемба Саунд Систем, Хаус Оф Пеин, Грин Деј, Феит Но Мор,Д Хајвс, Гогол Бордело, Инер Сиркл, Фан Ловин Криминалс, Тито и Тарантула, Хенри Ролинс, Рико Родригез (Спешлс), Фишбоун, Фандаментал, Морчиба, Хладно пиво и многу други.
Концертот на „Суперхикс“ во „Kadmo beach & bar“ почнува во 22 часот.
OhridNews