Екипи на Центарот за јавно здравје Охрид, вечерва од 22 до 06 часот, ќе спроведат земјена дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмоље до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потек на река Грашница, Коселска Река.

Центарот за јавно здравје апелира до пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата ќе биде одложена.

OhridNews