Даниел Кајмакоски, нашиот евровизиски претставник, вечерва пред големата сцена во „Штадхале“ во Виена, ќе ја претставува нашата земја на јубилејниот избор за „Песна на Евровизија“.

Кајмакоски победи на Скопскиот фестивал 2014 со „Лисја есенски“, која за настапот на Евросонг е преведена на англиски јазик.

На сцената во Штадхале Кајмакоски ќе биде придружуван од американското трио Мерџ, чии членови биле дел од аренби групата Блекстрит, инаку негови идоли.

Втората полуфинална вечер ќе се одржи во четврток, а првите десет земји-учеснички од двете полуфиналиња ќе се пласираат за големото финале в сабота, кога ќе биде избрана најдобрата песна во Европа оваа година.

Познавачите на овој музички хепенинг коментираат дека Даниел има голема шанса да се најде во финалето на овогодинешниот Евросонг.