Во црквата „Света Богородица“ – Каменско, денеска, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот „ Прочка – Поклади“, со почеток во 16 часот, информираат од Дебарско- кичевската епархија. Со богослужбата ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј.

Од 22 до 26 февруари , во црквата „Света Богородица“ – Каменско, секое утро со почеток во 7 часот, ќе се служи утринска богослужба со часови и вечерна, а вечерта во 16 часот, ќе се служи големо повечерие со канонот на свети Андреј Критски.

Од понеделник до четврток богослужби ќе има само во црквата „Света Богородица“ – Каменско.

OhridNews