Вечерва по трет пат во Охрид ќе се одржи културно забавната манифестација „Бело Лето“. Централниот настан ќе биде со почеток во 21 часот, на Градскиот плоштад, каде што ќе настапат Слаткаристика, Тајзи и Саунд месинџерс.

Според најавите, пред почетокот на концертот,  на Малиот плоштад ќе се одржи промоција на традиционални охридски занаети.

-Традиционално во пресрет на туристичката сезона симболично ќе го означиме почетокот на летото, а со тоа и ќе ги најавиме сите манифестации кои ќе се одржат во текот на сезоната во Охрид со цел да се збогати туристичката понуда на градот. Се надеваме дека тие ќе бидат доволна причина што поголем број гости да го посетат нашиот туристички бисер, изјави Ѓоко Апостолов, раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој.

Во рамки на манифестацијата вечерва угостителските објекти во градот ќе имаат неограничено работно време, а дел од нив ќе нудат и попусти.

OhridNews