36. Охридски староградски средби ќе се одржат денес со почеток во 19 часот во големата сала при НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид.
Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, велат организаторите.
Во рамки на програмата предвидени се настапи на градски мешан хор „Вокс Лихнидос“ – Охрид, ЗП Градски Хор – Штип, Вокален Октет – Прилеп, Ансамбл „Вања Лазарова“ – Скопје, ЗП Пеачка група Гевгелија, ВПГ „Ѓердан“ – Штип и КУД Далги при ЗП Охрид и Дебрца.
Влезот е слободен.
OhridNews