Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 1 март 2009 година (недела), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот „Прочка – Поклади“, со почеток во 16.00 часот, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со повеќемина свештенослужители.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Ohridnews