Од Дебарско- кичевската епархија информираат дека на 22 февруари, недела, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот „ Прочка – Поклади“, со почеток во 16 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско- кичевски г. Тимотеј.
Од 22 до 26 февруари , во црквата „Света Богородица“ – Каменско, секое утро со почеток во 7 часот, ќе се служи утринска богослужба со часови и вечерна, а пак, вечерта во 16 часот, ќе се служи големо повечерие со канонот на свети Андреј Критски.
Од понеделник до четврток богослуби ќе има само во црквата „Света Богородица“ – Каменско.
OhridNews