Два исклучително квалитени забавни настани претстојат оваа недела во Кадмо бар.

Во петок, 8 февруари, вечерта е посветена на македонската забавна музика. За забавата ќе се погрижат Данди и пријателите.

Во сабота 9 февруари во Кадмо бар настапува популарниот бенд Броз, чии забави се прераскажуваат.

Забавите почнуваат во 21 часот.

Потсетување дека февруари во Кадмо лаунџ бар е месец на Македонска традиционална кујна. Во овој  период посетителите ќе можат да вкусат национални специјалитети и вина со попуст од 30%!

OhridNews