На 5-ти и 6-ти ноември 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“, охриѓани повторно ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „Вечера за глупаци“ во изведба на актерите од Народниот театар Охрид.

Претставата е работена според текст на познатиот француски филмски режисер, сценарист и драматург Францис Вебер, а е во режија на Ирена Стеријовска.

Во претставата играат Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска и Павел Маслов. За сценографијата се погрижи Стефан Спировски, а за костимите Ана Кркулевска.

Почеток на претставата е во 20 часот. Цена на билетот е 150 денари.

OhridNews