Доколу сакате да минете една ноќ во друштво на војводата и војвотката од Кембриџ, Вилијам и Кејт, како и принцот Хари, потребно е само да издвоите од вашиот буџет 12 илјади евра.
Толку чини хуманитарната гала свеченост која ќе биде одржана на 8 јануари, а приходот од продажбата на влезниците ќе биде уплатен на хуманитарната организација на пинцовите Хари и Вилијам. Иако во јавноста имало остри критики поради висината на цените на влезниците, организаторите велат дека продажбата одела одлично.