Многубројна публика од сите генерации со воодушевување го проследи настапот на познатиот американски гитарист Џорџ Бенсон синоќа на Античкиот театар. За време на  речиси двочасовниот концерт кој се одржа во рамки на фестивалот „Охридско лето“,  Бенсон изведе дел од неговиот извонредно богат репертоар меѓу кои и мега хитовите “Give Me The Night” “Nothing Gona change My Love For You”, „The greatest love“и други.


Бенсон кој воспостави одлична комуникација со публиката изрази воодушевување од убавините на Охрид и Охридското Езеро покрај кое го минал денот пиејќи пиво и вино.


Шеесет и шест годишниот Бенсон кариерата  ја започна како џез гитарист, а има соработувано со бројни музички великани како Лони Смит,  Мајлс Дејвис, Квинси Џонс и други. Бенсон е неколкукратен добитник на наградата “Греми“ а досега има снимено преку 60 албуми.

Ohridnews