На плажа- ресторанот Потпеш, вечерва и утревечер, со почеток во 21 часот, посетителите ќе имаат можност да уживаат во прекрасниот амбиент и настапот на дуото “ Силви бенд” .


Ќе бидат изведени песни од култната српска претстава “Коштана” на Бора Станковиќ, за која “Силви бенд” има издадено албум. Станува збор за 16 теми, во изведба на Силви Плевнеш. Силви ја има играно главната улога во “Коштана” два пати. Прв пат се испроба како актерка во 1996 година во театарот во Струмица, а во кумановскиот театар, Силви беше Коштана во 2007 година.


Промоцијата на албумот со песни од “ Коштана” се одржа во месец мај.

Ohridnews