Со новото остварување на светски познатиот режисер Клод Лелуш, филмот “Џепен роман”, утревечер во 20 часот на Античкиот театар ќе биде затворен Првиот фестивал на францускиот филм во Охрид.

Според најавите на директорот на фестивалот, Зоран Велјаноски-Летра, на свеченото затворање ќе бидат доделени наградите за филм, сценарио, машка и женска улога, а на режисерот Лелуш ќе му биде врачена”Златна маска” за животно дело.

Во рамките на фестивалот беа прикажани 11 играни и 4 кусометражни филмови од реномирани имиња од светот на француската кинематографија, кои беа задоволни од приемот на нивните остварувања кај охридската публика.

Организатори на овој голем настан што  започна на 1 јули се Високата школа за аудиовизуелна реализација од Париз и Европската филмска академија од Скопје, во соработка со Министерството за култура, Општина Охрид и Амбасадата на Франција во Македонија.

А. Ристоска