Во атарот на манастирот „Св Петка“ во Велгошти со почеток во 20 часот денес ќе се одржи културната манифестација со која се чествува творештвото на писателот Живко Чинго.
Програмата почнува со полагање на свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, по што следи обраќање на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, доделување на наградата за најдобар расказ, како и кратко обраќање на годинешниот добитник на наградата Дијана Петрова.
Беседа за Чинго ќе одржи Бранко Цветкоски, поет, литературен критичар, преведувач и новинар, а предвидена е и културно-уметничка програма со настап на квартетот „Струни“ и КУД „Филиграни“.
OhridNews