Во рамките на Вечерта на романтична музика за виола на „Охридско лето“, вечерва концерт ќе одржат Блерим Груби на виола и пијанистката Марија Вршкова.

На програмата се дела од композиторите Роберт Шуман и Франц Шуберт.

Концертот на македонските уметници Груби и Вршкова ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 20 часот и 30 минути, а ќе може дасе следи и во живо на веб-страницата на „Охридско лето“ и фејсбук.

Исто така вечерва, Индонезиско-германското дуо, Исканадар Виџаја на виолина и Норман Виџаја на пијано, ќе одржи концерт на „Охридско лето“ со што ќе го затвори музичкиот дел од програмата на 57-то издание на фестивалот. 

На програмата се дела од У. Виџаја, Ли Зили, Ц. Куи, Ф. Сај и Ж. Масене. Гостин на ударни инструменти ќе биде Ајкут Коселерли.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 22 часот.

OhridNews