Во рамките на фестивалот Охридско лето. вечерва во 21 часот во катедсралната црква Св. Софија ќе настапи квартетот  „Растрели“.

Квартетот ,,Растрели” (по името на истакнатиот архитект кој ги проектирал познатите дворци и катедрали во Санкт – Петербург) е формиран во Штутгард во 2002 г. од талентирани млади музичари – добитници на награди од бројни интернационални натпревари. Нивниот репертоар е широка лепеза од класичната, поп и џез музиката – од Бах до Брубек.

Во Центарот за култура во 22 часот, Градскиот театар од  Истанбул -Турција, ќе ја изведе претставата од Карен Бликсен: “БЕСМРТНА ПРИКАЗНА”  во режија на  Кенан Исик.

ohridnews