Во рамки на вечерта на ЕУ на Охридско лето, во катедралната црква Св. Софија во 21 часот ќе настапи пијанистот Сиприен Кацарис.
Кацарис e кипарско-француски пијанист и композитор, лауреат на бројни меѓународни натпревари. Како уметник со изразен музички профил, авторитет, силна индивидуалност и особено чувство за романтичниот стил, Кацарис ги претставува најголемите уметнички вредности на својата генерација. Неговата интернационална кариера вклучува настапи со најголемите светски оркестри како Берлинската филхармонија, Симфонискиот оркестар од Берлин, Виенскиот камерен оркестар, Royal Concertgebouw Orchestra, Јапонската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Санкт Петербуруг и многу други. Соработувал со диригенти како Леонард Бернштајн, Мстислав Ростропович, Сер Сајмон Ратл, Чарлс Дутоа, Николаус Харнонкурт, Сер Чарлс Мекерас, Владимир Федосејев. Tој е основач и член на пијано квинтетот „Кацарис“.  Дискографијата на Кацарис содржи голем број ремек дела од литературата за пијано.
OhridNews