Александар Маленко, познат на јавноста по пливањето, но и многуте бракови, повторно ќе застане пред матичар. Овој пат неговата избраничка е далеку побогата од сите негови досегашни сопруги. Се работи за Ирина Абрамович, поранешната сопруга на сопственикот на англискиот клуб Челзи. Маленко во Русија замина за отворање канцеларија на Светскиот македонски конгрес, но најверојатно патувањето добило сосема поинаква цел. Неговиот мобилен телефон е исклучен, така што ниту поранешните соруги не успеале да го добијат. Велат контактирале со него само преку адвокати.

Неговото семејство, мајката Марика и таткото Никола, пак ништо не сакаа да коментираат. Неговата мајка Марика вчера ни изјави “не знам ништо, ќе ви се јави кога ќе се врати, оставете ми број”. Откако ја прашавме дали нејзиниот син најавил дека ќе прави свадба, таа рече:
“Ама ништо не смеам да ви кажам, како не разбирате. Кога ќе дојде ќе ви се јави”!

Ирина и Роман се разведоа во октомври минатата година. Таа се согласи да се разведе од милјардерот само под услов да добие 300 милиони долари, што е еден дел од неговиот огромен имот. Маленко пак зад себе има два развода. Прво се ожени со Сузана Турунџиева, кога го смени и своето презиме. Турунџиева остана сама да ја расте и воспитува ќерката Лора, откако нејзиниот сопруг реши да ја остави заради актерката Јелена Жугиќ. И овој брак кратко траеше.

Непосредно по раѓањето на нивниот син Ахил, додека Жугиќ беше на патување, Маленко најде нова љубов. Овој пат пејачката Фани. Низ чаршијата поминаа муабети дека Маленко ја прелажал Жугиќ за пари со кои и купувал подароци на Фани. Со Фани тој не стапна на лудиот камен. Непосредно по прекинот на нивната љубовна врска, Фани во јавноста изјави дека љубовта завршила и не сака повеќе да коментира ништо за него. Но и овој пат не изостанаа муабетите за наводно позајмени пари кои Маленко никогаш не и ги вратил на Фани.

И додека Маленко се жени со Ирина, Роман планира да оди на пат на месечината. Патотот на месечината го чини исто колку и разводот со идната сопруга на Маленко.

„Вечер„