Австралискиот возач на Ред Бул, Марк Вебер ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата Награда на Германија, деветтата во сезонава. За австралискиот пилот ова е прва пол позиција во кариерата.


Во првиот стартен ред покрај Вебер ќе биде и Рубенс Барикело. Од вториот ред ќе тргнат водечките во генералниот пласман Батон односно Фетел.

Трката ќе стартува утре со почеток во 14 часот.