Легендата на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација Вејн Руни една ноќ поминал зад решетки во Соединетите американски држави, откако го прекршил законот.

Руни кој настапува во МЛС лигата бил уапсен на аеродромот во Вашингтон поради алколозирана состојба на јавно место и вреѓање на обезбедувањето и полицијата.

Англичанецот веднаш бил казнет со една ноќ зад решетки и симболична парична казна од 126 долари. Клубот ДС Вашингтон за кој настапува и полицијата вешто го сокрија инцидентот, но англиските медиуми дојдоа до информација која силно одекна во светот.

Руни и во минатото го прекршувал законите во Англија, но секогаш му се простувало или поминувал со минамални казни поради имиџот кој го имаше.

OhridNews