Најдобриот стрелец во англиската репрезентацијата и легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, во еден ден означи крај на фудбалската и почеток на тренерската кариера.

Руни авантурата како тренер ја започна во ноември месец минатата година кога беше назначен за играч и менаџер на Дерби Каунти, веднаш после отказот за Филип Коку. Но денеска Руни официјално ги закачи копачките на клинец и ја презеде менаџерската палка во Дерби Каунти, кој се натпреварува во втората англиска дивизија, познатa како „Чемпионшип“.

Работата како менаџер е моја иднина. Имав брилијатна кариера со подеми и падови, но ништо не би променил. Сега посакувам да испишам историја и во менаџерската кариера. Цел живот се занимавам со фудбалот, па имам среќа, што и понатаму ќе бидам дел од него. Дали ќе ми недостасува играњето фудбал? Секако. Но времето не застанува. Доаѓаат млади момци, желни за играње и победи, а моја работа ќе биде правилно да ги водам, – изјави Руни.

Матичен клуб на популарниот „Ваза“ е Евертон, но сите ѕвездени моменти во кариерата ги доживеа во дресот на Манчестер Јунајтед, носејќи го цели 13 сезони. Во 2018 година, Руни пак се врати во Евертон, а имаше авантура во САД, играјќи во ДС Јунајтед. Последниве година и пол настапуваше за Дерби.

OhridNews